Папата Франциск: Родители да не осудуваат деца припадници на ЛГБТИК-заедницата
- Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, изјави дека родителите не треба да ги осудуваат своите деца припадници на ЛГБТИК-заедницата, туку да им пружат поддршка.
26 јануари 2022 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, изјави дека родителите не треба да ги осудуваат своите деца припадници на ЛГБТИК-заедницата, туку да им пружат поддршка.
Папата ги коментираше тешкотиите со кои се соочуваат родителите во воспитувањето на децата.
Според папата, родителите кои имаат деца припадници на ЛГБТИК-заедницата не треба да се кријат зад ставот на осудување.
Поглаварот на Римокатоличката црква и претходно имаше нагласено дека овие деца имаат право на тоа да бидат прифатени од своите родители, браќа, сестри.
Како што наведува папата, Римокатоличката црква не може да ги прифати истополовите бракови, но дека може да поддржи закони од граѓански синдикати, според кои, лицата припадници на ЛГБТИК-заедницата имаат право на пензија, здравствена нега и други прашања поврзани со наследство. бд/ссм/