• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск присуствува на Велигденското бдение

Папата Франциск присуствува на Велигденското бдение

Рим, 30 март 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска учествува на Велигденското бдение во Ватикан, откако вчера, во последен момент, го откажа учеството во поворката на Велики петок во Римскиот Колосеум.

Ватикан ја посочи вечерната миса во базиликата Свети Петар како денешниот единствен јавен ангажман на папата Франциск.

Учеството на папата во поворката „Патот на крстот“ вчера беше откажано „за да се зачува неговото здравје“ пред другите настани на Светата недела, објави претходно Ватикан.

Папата Франциск, кој има 87 години, користи инвалидска количка или бастун за да се движи и неодамна го ограничи своето јавно говорење додека се бореше со бронхитис и грип.

Како што е предвидено, утре, на денот на Велигден според Грегоријанскиот календар, папата треба да ја предводи мисата и од централниот балкон на плоштадот Свети Петар да ја пренесе својата традиционална порака до „градот и до светот“ (Urbi et Orbi), со благослов за верниците. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан