Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 за неговото историско обраќање
- Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација. Тој е прв поглавар на Римокатоличката црква што учествува на состанокот на богатите нации.

Бари, 14 јуни 2024 (МИА) - Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација. Тој е прв поглавар на Римокатоличката црква што учествува на состанокот на богатите нации.
По пристигнувањето, папата ќе биде пречекан од италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Осумдесет и седумгодишниот понтиф пристигна со хеликоптер.
Тој во обраќањето пред учесниците ќе говори за ризиците и придобивките од вештачката интелигенција и ќе одржи 10 билатерални средби меѓу кои и со лидерите на САД, Индија, Украина, Турција и Бразил. рп/
Фото: МИА архива