• четврток, 26 март 2026

Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација

Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација

Ватикан, 25 февруари 2025 (МИА) - Папата Франциск, и покрај тоа што е хоспитализиран, се сретна со државниот секретар на Ватикан за да одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација.

Овој состанок е одржан вчера, а декретите се објавени денеска во дневниот билтен на Светата столица.

Лекарите соопштија дека Папата и понатаму е во критична состојба поради пневмонија, но забележано е „благо подобрување“ во некои лабораториски резултати. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан