• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан

Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан

Рим, 17 април 2025 (МИА) - Велигденските богослужби во Ватикан ќе ги предводат неколку кардинали, а папата Франциск, кој се опоравува од болест, нема да учествува на мисите, соопшти прес-службата на Светата столица.

Литургијата на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар на Велика Сабота, 19 април 2025 година, како што се наведува, ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, по инструкции на папата Франциско, пренесува Ватикан Њуз.

В недела на Велигден, 20 април, кардиналот Анџело Комастри ќе ја предводи утринската велигденска миса на плоштадот Свети Петар. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан