• понеделник, 23 декември 2024

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и Западниот брег, повика на дијалог и потрага по мир

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и Западниот брег, повика на дијалог и потрага по мир
Ватикан, 29 јануари 2023 (МИА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска го осуди растечкото насилство на Блискиот Исток и ги повика двете страни во израелско-палестинскиот конфликт „искрено да бараат мир“.
 
„Спиралата на смртта која се зголемува од ден на ден само ја затвора трошката доверба која постои меѓу два народа“, рече Папата по традиционалната молитва на плоштадот „Свети Петар“.
 
Папата апелираше за мир по двата вооружени напади во Источен Ерусалим во петокот и саботата, во кои загинаа седум лица, а петмина беа ранети, како и смртоносните судири на Западниот брег.
 
Од почетокот на оваа година во тие конфликти од израелски оган загинаа 32 Палестинци, многумина беа вооружени, но загинаа и цивили кои не беа вклучени во конфликтите.
 

„Од почетокот на годината, десетици Палестинци се убиени во судирите со израелската армија. Апелирам до двете влади и меѓународната заедница да најдат друг начин без одлагање, вклучувајќи дијалог и вистинска потрага по мир“, рече папата Франциск, додавајќи дека со големо жалење ги примил вестите што доаѓаат од Светата земја. паг/

Остани поврзан