Папата изрази „сочувство и загриженост“ за роднините на жртвите од пожарот во Швајцарија
- Папата Лав XIV се помоли за жртвите од смртоносниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во Швајцарија. Поглаварот на Римокатоличката црква изрази сочувство и загриженост за семејствата на жртвите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.
Рим, 2 јануари 2026 (МИА) – Папата Лав XIV се помоли за жртвите од смртоносниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во Швајцарија. Поглаварот на Римокатоличката црква изрази сочувство и загриженост за семејствата на жртвите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.
- Папата сака да изрази сочувство и загриженост за роднините на жртвите. Тој го моли Господ да ги прими починатите во своето царство на мир и светлина и да им даде храброст на оние што страдаат во телото и духот, се вели во пораката испратена од кардиналот Паролин до епископот на Сион, Жан-Мари Лови.
Градот Сион се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале, каде што е и Кран-Монтана. јт/сд/
Фото: ЕПА