• петок, 05 декември 2025

Пантер го продолжи договорот со Барселона на две години

Пантер го продолжи договорот со Барселона на две години

Барселона, 1 април 2025 (МИА) – Кошаркарот на Барселона, Кевин Пантер ќе остане во каталонскиот клуб најмалку до 2027 година. Тој се согласи на продолжување на соработката на уште две сезони.

Оваа информација ја објави новинарот на „DAZN“, Жерар Соле.

Во тековната сезона Пантер има просек од 17,1 поен, 3,1 асистенции, 2 скока и 1,2 украдени топки во Евролигата со шут од поле 54 % у шут за тројка 41%.

Пантер во Барселона дојде од Партизан во 2024 година. Има настапувано и за Олимпија Милано, Црвена ѕвезда, Олимпијакос, Виртус Болоња, АЕК, Роса Радом, Антверп и Лаврио. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан