• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Панел по повод 30-годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

Панел по повод 30-годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Во Јуроп хаус Скопје денеска ќе се одржи панел дискусија по повод 30-годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во Европската Унија, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На настанот, воведно обраќање ќе има Бен Нупнау, вршител на должност Амбасадор во Делегацијата на Европската Унија, по што ќе следи дискусија со амбасадорите на Австрија, Финска и Шведска, кои ќе споделат размислувања за евроинтегративниот пат на нивните земји, релевантни гледишта за Северна Македонија, како и за поширокото значење на членството во ЕУ денес.

Настанот е организиран како дел од серијата настани за одбележување пресвртници во проширувањето на ЕУ, организирани од Делегацијата на ЕУ и Јуроп Хаус, во соработка со амбасадите на земјите-членки на ЕУ низ мрежата на Јуроп Хаус. нд/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан