• недела, 22 декември 2024

Панел дискусија посветена на говорот на омраза врз жените во политиката

Панел дискусија посветена на говорот на омраза врз жените во политиката

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Во организација на Прогрес Институтот за социјална демократија денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија посветена на говорот на омраза врз жените во политиката, како и на достигнувањата на жените во борбата за еднаквост.

Настанот ќе го отвори извршниот директор на Прогрес Институт Сашо Додовски, а дискусијата, како што е најавено, ќе ја водат министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и пратеничката во Собранието Санела Шкријељ.

-Во месецот на жената, организираме панел дискусија на која ќе дадеме акцент на говорот на омраза врз жените во политиката, а воедно и да дадеме признание на сите достигнувања на жените во борбата за еднаквост, како и да ги посочиме сите останати предизвици со кои мора да се соочиме заедно во иднина, наведуваат од Прогрес Институтот. вг/мд/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан