• недела, 30 јуни 2024

Панел дискусија  „Правиот пат до создавање на детската литература “

Панел дискусија  „Правиот пат до создавање на детската литература “

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Во Галеријата „КО-РА“  во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, вечерва ќе се одржи панел дискусија на тема „Правиот пат до создавање на детската литература“.

Организатор е Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје во соработка со Здружението „Деца за деца“, а како учесници на дебатата се најавени писателите Киро Донев, Горјан Петрески, Лидија Давидовска и Виолета Наумовска. На темата ќе говорат и библиотекарката Маја Трјковиќ, професорките Ана Дојчиновска, Рада Гроздановска, Теодора Стојовска, Светлана Јакимовска и Ирена Лозана предавач за инклузија и инклузивна свесност.
 
Дебатата е во контекст на мултимедијалната изложба „Бајката и бајковидното“, како дел од мултимедијалниот проект по повод одбележувањето на Светскиот ден на бајката.
 
Куратор на оваа голема мултикултурна изложба, која е во тек и обединува  уметници од повеќе генерации, е историчарката на уметност Виолета Калиќ, а модератор на панел дискусијата е Виолета Наумовска. вг/бак/
 
 
Фото: МИА Архива
 

Остани поврзан