Панел-дискусија „Органодарителство – состојба и предизвици“ на иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска
- На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, вчера вечер се одржа панел - дискусија на тема „Органодарителство – состојба и предизвици“, чија цел е подигнување на јавна

Скопје, 6 ноември 2020 (МИА) - На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, вчера вечер се одржа панел - дискусија на тема „Органодарителство – состојба и предизвици“, чија цел е подигнување на јавната свест за дарување органи и развој на трансплантацијата во нашата држава.
Во обраќање пред присутните, Ѓоргиевска истакна дека во исклучително тешки услови, кога фокусот на македонскиот здравствен систем е насочен во борбата со пандемијата на КОВИД-19, во нашата земја годинава прв пат беше изведена трансплатација на срце, a се извршија и десет трансплантации на бубрези. -Се разбира, предизвиците што доаѓаат со органодарителството и со трансплантацијата се навистина огромни, дури и за системи коишто се далеку посовршени од нашето здравство, но знаењето, подготвеноста, капацитетите и, пред се, она што е најважно, ентузијазмот на сите оние коишто се вклучени во самиот процес, верувам дека и понатаму ќе резултираат со успех, рече Ѓоргиевска.


Претходно, на тема органодарителство, Елизабета Ѓоргиевска разговараше со претставници на семејства чии блиски донирале и добиле орган, како и со чинители во здравствениот систем од областа на трансплантацијата. дма/лв/