• петок, 05 декември 2025

Панел-дискусија за духовното наследство на Кирил Пејчиновиќ и неговото влијание врз современиот македонски идентитет

Панел-дискусија за духовното наследство на Кирил Пејчиновиќ и неговото влијание врз современиот македонски идентитет

Тетово, 26 ноември 2025 (МИА) - Глобалната Македонска фондација „Вечна“ на 27 ноември 2025 година, четврток организира панел-дискусија насловена „Гласот на Вечноста“ – посветена на духовното наследство на Кирил Пејчиновиќ и неговото влијание врз современиот македонски идентитет. Настанот ќе се одржи во салата на културно-духовниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во манастирскиот комплекс во Лешок со почеток во 18 часот.

-Тројца еминентни говорници ќе се обратат со свои излагања и ќе отворат силен разговор за корените, традицијата и духовниот континуитет кој нè дефинира како народ, информираат од Фондацијата „Вечна“ 

За духовното наследство на Кирил Пејчиновиќ ќе зборуваат доц. д-р Бранислав Светозаревиќ од Државен архив на Македонија со реферат насловен „Историска епоха и влијанието на Кирил Пејчиновиќ“. Потоа доц.д-р Стојанче Костов од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со „Културните и фолклорни изрази од духовната традиција“ и проф.д-р Михајло Марковиќ од Универзитет во Тетово со „Јазикот како „Глас на вечноста“

Фондацијата „Вечна“ е формирана на почетокот на 2025 година од семејството Крстески кое со децении живее и работи во Германија, кои заедно со група на истакнати Македонци ја реализираат мисијата промовирање на културата и науката посветена на зачувување и унапредување на македонскиот национален, културолошки и историски идентитет.ас/са/

Фото Фондација „Вечна“

Остани поврзан