Панел-дискусија во Скопје по повод Светскиот ден за борба против рак
- Со наслов „Обединети по единственост“ - „Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава - предизвици и можности“, а во организација на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“, панел-дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитет „Скопје“.

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Панел-дискусија ќе се реализира денеска во Скопје по повод Светскиот ден за борба против ракот. Со наслов „Обединети по единственост“ - „Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава - предизвици и можности“, а во организација на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“, панел-дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитет „Скопје“.
На настанот предвидени се и обраќања на претставник од Министерството за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. бд/мд/
Фото: Плакат