• понеделник, 23 декември 2024

Пандев му испрати порака на Милевски

Пандев му испрати порака на Милевски
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) – Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку социјалните својот Инстаграм му испрати порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1). Во објавениот пост Пандев стави три емотикони кои означуваат „замолчи“. Не е јасно дали пораката на Пандев е несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации, или можеби е „погоден“ од зборовите на селекторот искажани синоќа на прес-конференцијата дека „црвено-жолтите“ пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите. Македонската репрезентација Лигата на нации 2022 ја заврши на третото место во четвртата група со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат. зс/

Остани поврзан