• сабота, 09 ноември 2024

Пандев втор највозрасен стрелец на ЕП

Пандев втор највозрасен стрелец на ЕП
Букурешт, 13 јуни 2021 (МИА) - Горан Пандев стана вториот највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства. Капитенот на македонската репрезентација, против Австрија се запиша во листата на стрелците на возраст од 37 години и 322 дена. Прв на оваа листа е Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол на возраст од 38 години и 256 дена на 12 јуни 2008 година против Полска. Во Топ 5 се и: Золтан Геро од Унгарија во 2016 година со 37 години и 61 ден; Гарет Маколи од Северна Ирска во 2016 година со 346 години и 194 дена и Андриј Шевченко од Украина во 2012 година со 35 години и 255 дена. зс/

Остани поврзан