Панатинаикос го најави заминувањето на Калетес
- Грчкиот кошаркарски великан Панатинаикос и официјално го најави заминувањето на плејмејкерот Ник Калетес.

Атина, 3 јули 2020 (МИА) – Грчкиот кошаркарски великан Панатинаикос и официјално го најави заминувањето на плејмејкерот Ник Калетес.
Триесет и едногодишниот Калетес играше за Пао од 2015 година, како и од 2009 до 2012 година. Како дел од грчкиот клуб, стана победник во Евролигата (2011) и го освои грчкото првенство шест пати (2010, 2011, 2017-2019, 2020).
Во блиска иднина, Калетес треба да потпише тригодишен договор со Барселона. зс/