• сабота, 14 март 2026

Пакистанската армија: Единаесет војници и 12 терористи убиени во близина на авганистанската граница

Пакистанската армија: Единаесет војници и 12 терористи убиени во близина на авганистанската граница

Исламабад, 17 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 11 пакистански војници се убиени во северозападен Пакистан во близина на авганистанската граница во услови на пораст на насилството, соопшти денеска пакистанската армија.

Војниците се убиени во напад во округот Баџаур во Хајбер Пахтунхва, каде што терористи од талибанското движење на Пакистан нападнаа безбедносен контролен пункт со возило полно со експлозив.

Во експлозијата се оштетени станбени згради во областа, при што загина едно девојче. Уште седум лица, меѓу кои жени и деца, се ранети, соопшти армијата.

Се наведува дека нападот бил осуетен од војниците и дека најмалку 12 терористи се убиени.

Најмалку пет лица, вклучувајќи тројца полицајци и двајца терористи, се убиени вчера во одделни инциденти во областа. рп/ми/

Фото: МИА архива
 
 
 
 

Остани поврзан