Пакистан подготвува хотели за евакуираните Авганистанци
- Пакистанските власти побараа од хотелите во Исламабад да ги стопираат резервациите, со цел да се ослободи простор за лицата кои ќе транзитираат низ Пакистан по евакуацијата од Авганистан

Исламабад, 27 август 2021 (МИА) - Пакистанските власти побараа од хотелите во Исламабад да ги стопираат резервациите, со цел да се ослободи простор за лицата кои ќе транзитираат низ Пакистан по евакуацијата од Авганистан.
Од хотелите е побарано стопирање на резервациите во рок од 21 ден.
Барањето на пакистанските власти уследи по вчерашниот напад врз аеродромот во Кабул при што загинаа најмалку 70 Авганистанци и 13 американски војници. ми/