Пакистан: Во судирите помеѓу сунитите и шиитите загинаа најмалку 130 луѓе
- Во судирите помеѓу шиитите и сунитите во северозападен Пакистан во изминатите 24 часа загинаа 14 луѓе, а 27 се повредени, соопштија локални претставници
Исламабад, 1 декември 2024 (МИА) – Во судирите помеѓу шиитите и сунитите во северозападен Пакистан во изминатите 24 часа загинаа 14 луѓе, а 27 се повредени, соопштија локални претставници.
Насилството ескалира во округот Курам во провинцијата Хајбер Патунква на 21 ноември кога беше отворено оган врз цивилен конвој при што загинаа 52 луѓе, од кои најголемиот број шиити. За нападот никој не презеде одговорност, но предизвика одмазднички напади во неколку области.
Од почетокот на судирите до денеска загинаа над 130 луѓе. Владини претставници на 24 ноември договорија седумдневно примирје, што не беше почитувано. Во тек се нови преговори помеѓу племенските лидери.
Шиитските муслимани сочинуваат околу 15 отсто од 240-милионското население во мнозинскиот сунитски Пакистан, кој има историја на верско непријателство меѓу шиитите и сунитите. ми/
фото: МИА архива