• четврток, 26 март 2026

Пакистанските вооружени сили го ажурираа бројот на загинати во судирите со Индија

Пакистанските вооружени сили го ажурираа бројот на загинати во судирите со Индија

Исламабад, 13 мај 2025 (МИА) - Пакистанските вооружени сили денеска го ажурираа бројот на жртви во текот на изминатата недела во најтешките судири во последните децении меѓу Пакистан и Индија, објавија светските агенции.

Во соопштението, вооружените сили наведоа дека загинале 40 цивили, меѓу кои седум жени и 15 деца, а 121 се повредени, меѓу кои 10 жени и 27 деца. Се додава дека за време на судирите загинале 11 војници, а 78 се повредени.

Повеќе неделните судири и прекугранични напади со ракети и дронови се поттикнати од убиството на турист на 22 април во индискиот дел на Кашмир за што Индија го обвини Пакистан. Тоа беше најсериозна конфронтација меѓу двете земји во последните децении, а во судирите загинаа десетици цивили од двете страни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан