• сабота, 21 декември 2024

Пакистанските власти ги попречуваат приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан да одржат протест

Пакистанските власти ги попречуваат приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан да одржат протест

Исламабад, 4 октомври 2024 (МИА) - Пакистанските власти денеска поставија бродски контејнери на патиштата и автопатите што водат до главниот град и ја прекинаа услугата на мобилна телефонија во Исламабад во обид да ги спречат поддржувачите на поранешниот премиер Имран Кан да одржат протест на кој би побарале негово ослободување.

Владата на Шехбаз Шариф, исто така, распореди чувари и дополнителна полиција и ги затвори училиштата во Исламабад и блискиот град Равалпинди, откако пакистанската партија Техрик-е-Инсаф на Кан одби да го откаже протестот.

На видео снимки објавени на интернет се гледа како полицијата поставува бродски контејнери на мостови и патишта во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, каде што партијата на Кан ја има власта.

Поддржувачите на Кан планираат да маршираат од провинцијата до Исламабад, пркосејќи на забраната за собири воведена оваа недела.

Полицијата, наводно, уапсила некои партиски поддржувачи.

Кан, главниот политички ривал на Шариф, е во затвор повеќе од една година. Тој останува популарен и покрај пресудите, за кои неговата партија вели дека се политички мотивирани.

Тој беше сменет во 2022 година со гласање недоверба на пPарламентот и уапсен во 2023 година, откако судот го осуди на три години затвор поради корупција. рп/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан