Пакистанските безбедносни сили убија 18 терористи
- Операциите биле спроведени во завчера и вчера против забранетата терористичка армија на Белуџистан, соопшти пакистанската армија.
Исламабад, 30 октомври 2025 (МИА) - Пакистанските безбедносни сили убија 18 терористи во две операции во југозападната покраина Белуџистан, соопшти армијатам цитирана од Ксинхуа.
Операциите биле спроведени во завчера и вчера против забранетата терористичка армија на Белуџистан, соопшти пакистанската армија.
Првата операција е изведена во Квета, главниот град на покраината, каде што војниците ги лоцираа милитантите и убија 14 од нив, се наведува во соопштението. Во посебна операција во округот Кеч, четворица милитанти беа неутрализирани, а едно скривалиште беше уништено.
Во нападите е запленето оружје, муниција и експлозиви.
Армијата додаде дека продолжуваат напорите за елиминирање на преостанатите терористи на Ослободителната армија на Белуџистан.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги пофали безбедносните сили за успешните операции и рече дека тоа ќе ги искорени сите форми на тероризам од земјата.сд/
фото:МИА архива