• петок, 05 декември 2025

Пакистанскиот град Карачи погоден од поројни дождови и поплави

Пакистанскиот град Карачи погоден од поројни дождови и поплави

Исламабад, 20 август 2025 (МИА) - Поројни дождови и поплави го погодија палестинскиот град Карачи. Најмалку седум лица загинаа од почетокот на годишната сезона на монсуни, а силни поплави предизвикани од поројните дождови го погодија градот, информираат официјални лица.

Монсунот предизвика хаос низ Пакистан во последните денови, особено во планинскиот северозапад, каде што бројот на жртви се искачи на 377 во петокот.

Најмалку седум лица загинаа во Карачи од почетокот на дождовите во вторникот, изјави Абдул Вахид Халепто, портпарол на покраинската влада. Дождовите достигнаа нивоа невидени со години во некои делови од градот, најголемиот во Пакистан со население од повеќе од 20 милиони.

Властите наредија затворање на образовните институции и канцеларии.

-Очекуваме уште пообилни дождови, изјави Анџум Назир, портпарол на покраинската метеоролошка служба. Врнежите од дожд во вторник достигнаа помеѓу 80 мм и 178 мм во различни делови од градот, рече тој.

Назир рече дека во областа околу аеродромот врнежите достигнале 163,5 мм, што е највисока количина забележана таму од 1979 година. Околу 178 мм дожд се забележани на североистокот од градот, што е највисока количина откако е поставена метеоролошката станица таму пред пет години.

Дождот, исто така, предизвикал прекини во снабдувањето со електрична енергија, услугите за мобилна телефонија и летовите, соопштија официјални лица. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан