• четврток, 26 март 2026

Пакистанската армија елиминира 31 милитанти

Пакистанската армија елиминира 31 милитанти

Исламабад, 15 септември 2025 (МИА) – Пакистанските безбедносни сили синоќа извршија рации во северозападниот дел на земјата, при што се елиминирани 31 милитант.

Како што соопшти пакистанската армија, во текот на ноќта спроведени се рации во окрузите Бану и Лаки Марват во провинцијата Хајбер Пахтунва, која граничи со Авганистан.

Изминатите години во Пакистан е зголемен бројот на милитантни напади. За поголем број од нападите одговорност презедоа пакистанските талибанци познати како Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП). Тоа е група која е во сојуз со авганистанските талибанци. ми/

фото: EPA

Остани поврзан