• петок, 22 ноември 2024

Пад од шест места на македонските кошаркари на ФИБА рангирањето

Пад од шест места на македонските кошаркари на ФИБА рангирањето

Минхен, 15 септември 2023 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Со 187.4 поени, македонските кошаркари на најновиот ФИБА ранкинг се на 59. место во светски и на 30 место во европски рамки.

Ранг-листата која ФИБА ја објави пет денови по завршувањето на Светското првенство ја предводи американската репрезентација, иако остана без мундијалски медал и се пласираше на четвртото место со три порази.

Шпанија се симна на второто место, додека новиот светски првак Германија скокна осум позиции и прв пат во историјата е меѓу Топ 3 на ФИБА ранг-листата. ег/аа/

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан