• петок, 22 ноември 2024

Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата

Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата

Лос Анџелес, 3 јануари 2024 (МИА) - Акциите на технолошкиот гигант Епл (Apple) паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Барклис (Barclays) ги намали прогнозите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на Ајфон (iPhone) 15 на Епл.

Барклис смета дека треба да се очекува и послаба продажба на Ајфон 16 на Епл и другите производи на оваа компанија.

На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на Епл од Азија, бидејќи акциите на ТСМК, која произведува напредни процесори за уредите на Епл, денеска паднаа за повеќе од два отсто, а акциите на Фокскон (Foxconn), која склопува уреди на Епл Ајфон, паднаа за 1,33 отсто.

Аналитичарот на Барклис, Тим Лонг, конкретно ги предупреди клиентите за послаба продажба на Ајфон 15 во Кина.

-Продолжуваме да забележуваме слабости во продажбата на Ајфон, како и во продажбата на Мек компјутерите и Ајпад уредите на Епл, истакна Лонг.

Блумберг претходно објави дека кинеската влада издаде неформални упатства со кои ги советува кинеските владини претставници да не користат уреди на Епл. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан