• среда, 27 ноември 2024

ОЈО со предмет за негувателка во Велес која давала деца да пушат електронска цигара

ОЈО со предмет за негувателка во Велес која давала деца да пушат електронска цигара

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас, за да се проверат информациите дека негувателка во велешката детска градинка „Димче Мирчев“, им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

Како што се наведува во соопштението на ОЈО, во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање дејствија, што вклучуваат да се извршат разговори со лица, вработени и родители, кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан