• петок, 15 ноември 2024

ОЈО: Притвор и истрага против дилер од Битола

ОЈО: Притвор и истрага против дилер од Битола
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, во дворното место на куќа во која никој не живеел, а која граничела со неговата куќа, неовластено за продажба чувал 107,46 грама хероин и 33,37 грама марихуана, како и три дигитални ваги наменети за мерење и пакување дрога. -Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Основниот суд во Битола донесе решение со кое на осомничениот му определи привор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.​​ дма/лв/

Остани поврзан