• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО Велес поднесе предлози за казни на девет лица кои го прекршиле полицискиот час

ОЈО Велес поднесе предлози за казни на девет лица кои го прекршиле полицискиот час
Скопје, 15 мај 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетите го прекршиле полицискиот час, па биле затекнати како се движат на различни локации, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од обвинителството. Јавниот обвинител предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност. ир/дма/

Остани поврзан