• сабота, 08 март 2025

Охриѓанец се обидел да се спаси од полицијата проголтувајќи опаковка со бела прашкаста материја

Охриѓанец се обидел да се спаси од полицијата проголтувајќи опаковка со бела прашкаста материја

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Охриѓанец проголтал опаковка со бела прашкаста материја при полициска контрола на неговиот автомобил. Тој бил однесен во болница, каде му била извадена опаковката, по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата. 

-На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот  патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење, се посочува во соопштението од МВР. ев/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан