• петок, 05 декември 2025

Охрид и Бутел во финалето на ракометниот турнир Струга 2025

Охрид и Бутел во финалето на ракометниот турнир Струга 2025

Струга, 15.август 2025 (МИА) - Екипите на Охрид и Бутел ќе играат во финалето на годинашниов ракометен турнир Струга 2025. Двете екипи го освоија првото место во групите. 

На денешните натпревари домаќинот и организатор Струга загуби од турската екипа Бурса со 28:37, додека во дуелот за првото место Бутел го победи Тиквеш со 31:30.

Во групата А Охрид заврши како првопласиран со 6 бодови, пред Бурса со 3, а Струга не освои бод. Во Б групата Бутел е прв со 4 бодови, пред Тиквеш со 3, а Раднички Крагујевац е последен со 1 бод.

Според пограмата утре (сабота) се играат натпреварите за пласман: Струга - Раднички Крагујевац (5.место - почеток 10 часот); Бурса - Тиквеш (3.место - 18:45 часот) и Охрид - Бутел (финале - 20:45 часот).   мн/

Фото: Фејсбук Ракометен турнир Струга 2025

 

Остани поврзан