Охридските матуранти традиционално дел од меѓународната парада
- Охридските матуранти денеска точно напладне со танц на музиката квадрил од штраусовата опера „Лијалкот“ на Градскиот плоштад го одбележаа полнолетството.

Охрид, 21 мај 2025 (МИА) - Охридските матуранти денеска точно напладне со танц на музиката квадрил од штраусовата опера „Лијалкот“ на Градскиот плоштад го одбележаа полнолетството.
Дождливото време не ги обесхрабри околу 470-те матуранти од сите средошколски центри од градот облечени во бело сини маички и со чадори да се вклучат во масовната матурска прослава што годинава се спроведува во неколку града во земјата и неколку десетици градови од цела Европа.
Низ ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков, порачувајќи им да сонуваат со отворени очи, да мечтаат по убавни нешта и никогаш да не скршнуваат од вистинскиот пат.
- Бидете добри луѓе, со добра мисла и желба, правете добри дела за себе и луѓето околу вас. Само така ќе бидете задоволни од себе и ќе градите здраво општество со здрави навики. Вашите години, вашата младост дозволува се..., рече Пецаков.
Уште им рече светот ќе го менуваат само доколку се добро потковани со знаења.
- Учете и во иднина не застанувајте тука. Животот ќе ви одржи многу лекции, ќе ве исправи пред предизвици, а како ќе се справите со нив зависи од вашата интелектуална сопосбност и психичка стабилност. Затоа се што ќе правите, правете го со љубов, внимание и од срце...Само така задоволството и успехот се неизбежни, рече Пецаков.
Охридските матуранти се дел од масовната манифестација уште од самиот почеток со учеството на првата матурска парада организирана во 2001 година во Словенија, како идеја на Томаж Амброж од Танцовата школа „Уршка“ во Љубљана. аб/са/
Фото: МИА