• понеделник, 25 ноември 2024

Оформени девет нови предмети во Уставниот суд во периодот од 20-30 април годинава

Оформени девет нови предмети во Уставниот суд во периодот од 20-30 април годинава

Скопје, 26 мај 2023

Во периодот од 20 до 30 април во Уставниот суд беа оформени 9 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓаните. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница. 

У.бр.58/2023
Oспорен: Правилник на Совет на Општина Македонска Kаменица

Подносител на инициајтивата: Градоначалник на Општина Mакедонска Каменица Димчо Атанасовски

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот на иницијативата наведува дека Правилникот кој  ослободува од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на територијата на Општина Македонска Каменица е неуставен и спротивен на Законот за локална самоуправа бидејќи е доставен непосредно пред седница, без претходна консултација со општинската администрација. Според наводите, оспорениот Правилник не е заснован на Законот на комуналните такси за да може да се применува и да произведува правно дејство. Се оспорува член 5 кој предвидува да се рефундираат/вратат веќе уплатените средства за комунална такса за јавно осветлување на лицата/правните субјекти во рок од 30 дена од поднесување на барањето итн. 

У.бр.59/2023
Оспорен: Одлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-545/1 

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Од наводите во иницијативата: 

Се наведува дека Советот на Општина Македонска Каменица постапувал и расправал по предмет за кој нема надлежност, односно разгледувал барање и докази по што одлучил да се донесе Одлука бр.08-545/1 со која се усвојува барање на граѓанин за надомест на штета како последица на пожар во износ од 656 874 денари, според доставена пресметка од овластен вештак, кој пресметката ја направил по кажување на член на семејството, тврди подносителот. Подносителот наведува дека одлуката е спротивна на членовите 3, 7, 22, 32, 36 од Законот за локална самоуправа и член 20 од Статутот на Општина Македонска Каменица. 

У.бр.60/2023
Оспорени: Одлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-378/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена. Имено со одлуката се одобрува донација на книги на клонот „Крсте Петков Мисирков”, Македонска Каменица- ЈЛБ „Илинден’. 

У.бр.61/2023
Оспоренa:  Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-398/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно одобрување на средства на граѓанин од Македонска Каменица за издавање на песна. 

У.бр.62/2023
Оспоренa:  Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-400/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на донација на книги на клонот „Крсте Петков Мисирков”- Македонска Каменица, како и одлука за одобреување на средства на граѓанин за издавање на песна. Исто така се оспорува и одлуката за одобрување на средства на граѓанка поради смрт на сопругот и тешка финансиска состојба. 

У.бр.63/2023
Оспоренa:  Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на средства на ловечко друштво во износ од 30 000 денари.

У.бр.64/2023
Оспоренa:  Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на средства на пчеларско здружение во износ од 15 000 денари. 

У.бр.65/2023
Оспорен: Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 деница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола

Подносител на иницијативата: Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Од наводите од иницијативата: 

Подносителот наведува дека номинирањето на еден субјект од страна на законодавецот претставува ограничување на субјектите за слободно настапување на пазарот и претприемништвото како клучни основи на стопанскиот систем утврдени со Уставот. Според наводите, оспорениот закон е во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото, одредби предвидени во Уставот. 

У.бр.66/2023
Оспорен: Член 72 став 6 „против одлуката од ставот 5 не е дозволена жалба или тужба” од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија

Подносител: Врховен суд на Република Северна Македонија 

Содржина на оспорената одредба: 

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и судија, односно претседател на суд, учесник во постапката пред Советот не можат да бидат членови на Советот за жалба од ставот 2 на овој член. 

Oд наводите во иницијативата: 

Се наведува дека оспорениот став предвидува ограничување  или еднократно користење на жалбата без да се земе предвид можноста за повторена ревизија и повторно постапување и одлучување на Судскиот совет, при што останува неможност судијата или претседател на суд, доколку со новото решение за Судскиот совет повторно е прогласен за одговорен и му биде изречена санкција, против истото не може да поднесе жалба или тужба. Според наводите оспорената одредба е во спротивност со членот 50 став 2 од Уставот кој гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа. Подносителот посочува дека двостепеноста во одлучувањето на судовите а гарантирана во Уставот, што не е случај со оспорената одредба. 

 

Уставен суд на Република Северна Македонија

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан