Отпуштен министер на Фарските Острови поради хомофобични забелешки
- Тој беше критикуван поради изјавата дека не би можел да го поддржи лидерот на Данската конзервативна партија, Сорен Папе Поулсен за премиерската функција бидејќи е отворено геј.
Торсхавн, 9 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Фарските Острови, Јенис ав Рана е отпуштен поради неговите хомофобични забелешки.
Тој беше критикуван поради изјавата дека не би можел да го поддржи лидерот на Данската конзервативна партија, Сорен Папе Поулсен за премиерската функција бидејќи е отворено геј.
- Живеејќи како, таканаречено, хомосексуалец, е против основниот закон што јас, мојата партија и јас мислам и Фарските Острови, го следи, изјави тој на радио кон крајот на октомври.
Коментарите кажани пред парламентарните избори во Данска, предизвикаа бес и доведоа до повици за отпуштање на Ав Рана.
Фарските Острови се мала самоуправна данска територија и се претставени во Парламентот на Данска со двајца пратеници.
Владата на архипелагот потврди дека Ав Рана е повлечен од функцијата министер за надворешни работи и култура.
Поранешниот министер, исто така, се спротистави на неодамнешниот закон на Фарските Острови со кој се гарантираат еднакви права и граѓански статус на лезбиски двојки кои имаат деца.
Премиерот Бардур а Стеиг Нилсен посочи во владиното соопштение дека неговата толеранција за Ав Рана „не може и натаму да продолжи“. бд/ссм/