• четврток, 21 ноември 2024

Откриено од каде се испратени заканите за бомби во Србија

Откриено од каде се испратени заканите за бомби во Србија
Белград, 19 мај 2022 (МИА) - Српската полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал идентификуваа вкупно 19 електронски адреси - 18 адреси на ЏиМаил (Gmail) и една е-пошта на ПротонМаил (ProtonMail), од каде се испратени заканувачките пораки за поставени бомби на различни локации во Србија. Утврдено е дека осум такви закани пристигнале од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и од Русија. Припадниците на српската полиција идентификувале и лице, кое во текот на вчерашниот ден, телефонски упатило закани со иста содржина, јавија српските медиуми. бд/гт/

Остани поврзан