• недела, 22 декември 2024

Откриено возило што вршело меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација 

Откриено возило што вршело меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација 
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - Службеници од Полициската станица на граничниот премин „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север во саботата при извршена контрола на патничко возило - комби „Фиат Дукато“, со германска национална ознака, констатирале дека тоа не поседува комплетна потребна документација за меѓународен превоз на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции за возилото. Како што информираа од МВР, патничко возило „Фиат Дукато“, било управувано од А.Р.(28) од Радовиш. цр/сп/

Остани поврзан