• понеделник, 23 декември 2024

Откриена нелегална сеча на дрва во Пехчевско

Откриена нелегална сеча на дрва во Пехчевско
Берово, 1 февруари 2022 (МИА) - Во пехчевското село Умлена откриена е нелегалната сеча на шума. Во акцијата запленет е трактор сопственост на 31 годишник од истоименото село. - На место викано ,,Ормане“, атар на Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово на ден 30.01.2022 во 14.40 часот од Г.Р.(31) од с.Умлена, пехчевско, бил одземен трактор натоварен со бесправно исечени дрва, информираа од ОВР Берово. Наредниот ден на 31.01.2022 во 14.32 часот на место викано „Ормане“, атар на Пехчево, по преземени мерки за откривање на нелегална сеча на дрва, пронајдени и одземени се нелегално исечени дрва од околу 35 кубни метри. Како што стои во полициското соопштение, дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. вс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан