• недела, 14 јули 2024

Откриена криминална група која извршила тешка кражба

Откриена криминална група која извршила тешка кражба

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје открија криминална група која на 25 минатиот месец изврши тешка кражба во дом на улица „Ловќенска“, при што беше одземен сеф, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија, по преземени оперативни мерки е констатирано дека криминалната група со употреба на сила и подесен алат влегле во домот и го извршиле делото.

По консултација со јавен обвинител и по добиена судска наредба извршен е претрес на неколку локации на подрачјето на Чаир и Никиштани, скопско, при што биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело.

Во врска со случајот, од слобода бил лишен А.М.(24) од Никиштани, додека за останатите лица кои го извршиле делото се распишани расписи.

МВР најави дека по комплетно документирање на сите докази, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по членот 236 од Кривичниот законик. сан/са/

Остани поврзан