• сабота, 04 мај 2024

Откажан слаломот во Крањска Гора, малиот кристален глобус за Фелер

Откажан слаломот во Крањска Гора, малиот кристален глобус за Фелер

 

Крањска Гора, 6 март 2024 (МИА) – Поради лоши временски услови и топлото време во Крањска Гора, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) беше принудена да го откаже и машкиот слалом кој овој викенд требаше да се одржи на патеката Подкорин.

Оваа одлука значи дека малиот кристален глобус за оваа сезона во слалом ќе го освои австрискиот скијач Мануел Фелер, кој има недостижни 169 бодови предност пред второпласираниот Германец Линус Штрасер пред последната слаломска трка закажа за втората половина на март во Залбах.

„Поради обилните врнежи од дожд изминатите 24 часа кои целосно ја уништија патеката, слаломот од Светскиот куп за мажи во Крањска Гора е откажан“, соопшти ФИС.

Големиот кристален глобус веќе го обезбеди Швајцарецот Марко Одермат. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан