• четврток, 18 јули 2024

Отворен јавен повик за апликација за глобалната програма „Accelerate2030“ за македонски стартапи

Отворен јавен повик за апликација за глобалната програма „Accelerate2030“ за македонски стартапи
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) - Јавниот повик за глобалната програма „Accelerate2030“ за македонски стартапи ќе биде отворен до 20- ти јуни. Целта на глобална програма е поддршка на претприемачи од земји во развој кои креираат решенија поврзани со остварување на Целите за одржлив развој. Оваа програма обединува импакт стартапи, корпорации, агенции на Обединетите Нации, финансиски институции, меѓународни развојни организации и други партнери за да се поврземе и да соработуваме за скалирање на најдобрите иновации низ целиот свет. Како што информираат од тимот оваа година за прв пат македонските претприемачи кои преку своето работење креираат импакт во заедницата, решавајќи важни социјални, еколошки или други предизвици поврзани со Целите на одржливиот развој на Обединетите нации, имаат можност да бидат дел од Accelerate2030! Оваа програмата која е организирана во национална и глобална фаза, овозможува креирање и спроведување стратегија за подобрување и скалирање на сопствените бизниси, подготовка за инвестиции и за зголемување на импакттот генерално, но и во рамки на Целите за одржлив развој. -Стартапите кои ќе влезат во националната фаза ќе бидат дел од: групни сесии со интернационални ментори на кои ќе се обработуваат теми како пристап до финансии, пристап до инвеститори, маркетинг, продажба, бизнис развој, скалирање на бизнис итн, идивидуални сесии на кои ќе се работи на предизвиците кои ги има секој тим, глобални сесии со претприемачи од целиот свет, онлајн предавања со глобални експерти, сесии со тимот на Accelerate2030 преку кои ќе се направи индивидуална дијагностика и помош во надминување на предизвиците со кои се соочуваат, можност за влез во глобалната програма, стои во соопштението. Најдобрите претприемачи од националната фаза ќе бидат номинирани за влез во глобалната фаза која е под водство на„Impact Hub Geneva“ и започнува со Глобалната недела за скалирање во Женева, Швајцарија во ноември 2021. Повикот е отворен со помош на „Сеавус Акцелераторот“ и „Бизнис Импакт Лаб“, со нивните стратешки партнери УНДП и ФИТР. свс/дма/

Остани поврзан