• недела, 02 март 2025

Отворен тестаментот на архиепископот Јанулатос, сите заштедени пари ги оставил на Албанската православна црква

Отворен тестаментот на архиепископот Јанулатос, сите заштедени пари ги оставил на Албанската православна црква

Тирана, 2 март 2025 (МИА) - По одржаниот 40-дневен помен по неговата смрт, Синодот на Албанската автокефална црква го отвори тестамент на архиепископот Анастас Јанулатос.

- Во тестаментот стои дека сите негови финансиски заштеди како архиепископ и припаѓаат на Албанската црква. Половина од нив да бидат потрошени во завршувањето на катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана, додека остатокот да се користи за поддршка на платите на свештениците и за развој на црковните младински програми на албанската црква, објави Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) на официјалната страна на Фејсбук.

Книгите, чиј автор е тој треба да се предадат на библиотеката на Православната богословска академија „Воскресение Христово“, а дел од нив, симболично, да им бидат подарени на други митрополити. 

Книгите лоцирани во Атина се донирани на библиотеката на Центарот „Порефтентес“, кому му ги префрла и авторските права од продажбата на негови книги.

Поглаварот Јанулатос, почина на 25 јануари во болницата „Евангелизам“ во Атина, каде што се лекуваше од 3 јануари. На 30 декември беше превентивно примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па на 3 јануари во вечерните часови со авион на грчкото воено воздухопловство, итно беше пренесен во болница во Атина.

Роден е на 4 ноември 1929 година во Пиреја. За архиепископ на Тирана, Драч  и цела Албанија, како што беше неговата титула,  беше избран во јуни 1992 година, кога во исклучително тешки околности ја основа и ја разви автокефалната Албанска православна црква, која беше целосно запоставена во децениите на комунистичкиот режим. вт/

Фото: Албанска автокефална православна црква

Остани поврзан