• петок, 22 ноември 2024

Отворен спортско-рекреативен центaр во Теферич во Кисела Вода

Отворен спортско-рекреативен центaр во Теферич во Кисела Вода

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски синоќа заедно со министерот за спорт Борко Ристовски го отворил спортскиот центар во Теферич, кој го носи името на Александар Ивановски чиј живот прерано згасна.

Од Општина Кисела Вода денеска информираат дека новиот спортско-рекреативен центар се протега на околу 800 квадратни метри. Со градежниот зафат, тој доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, фудбалско игралиште со вештачка трева, а обезбедени се и паркинг места.

-Припор не смее да биде заборавено место како што било во минатото, истакнал градоначалникот Ѓорѓиевски, кој најавил дека наскоро започнува и реконструкцијата на игралиштето во ПОУ “Круме Кепески” и дека во моментот активно се работи на обнова на улиците во ова населено место.

- Денеска, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски го отворивме спортскиот центар во Теферич, Припор, кое име го носи на момчето за кое прерано згасна животот, Александар Ивановски. Младо момче, наш сограѓанин и другар, ученик и син за кого животот само што требаше да започне…Нека ти е вечна слава. Твојот спомен засекогаш ќе остане врежан во нашите срца! Обично ваквите настани ги започнуваме со аплауз, но сега, оддаваме почит со едно минутно молчење, рекол Ѓорѓиевски. сст/бак/

сст/

Остани поврзан