• петок, 26 јули 2024

Отворен повик за диџејска работилница „Жени зад пултот“

Отворен повик за диџејска работилница „Жени зад пултот“

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Во склоп на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, организацијата Тиииит! Инк. отвори повик за учество во диџејска работилница со наслов „Жени зад пултот“ за сите девојки, жени и не-бинарни луѓе над 18 години, кои имаат интерес да научат како да настапат со самостоен диџеј сет.

- На оваа неформална школа, преку менторски процес од искусните диџеи Бојан Јанев - SoulCase и Дијана Димитриевска - Diah, учесничките ќе добијат увид во историја на диџејството, вовед во типови на опрема, поврзување и работа со грамофони и cdj-и, што да набавите, како да сортирате музика, како да миксате, да поставите диџеј сет и најважно - како да настапите самостојно со сопствен диџеј сет. Diah е алијас позади кој стои Дијана Димитриевска, диџејка која веќе десет години е дел од клубската сцена. SoulCase е алијасот на Бојан Јанев, диџеј, дигер и промотер од Скопје, кој стои позади проектите „Oubli“ и „Amok Radio“, веќе повеќе од стандарден во регионов, држејќи резиденции во сите позначајни клубови во Скопје, се појаснува во денешното соопштение.

Работилницата почнува на 11 септември и трае еден месец, до 9 октомври.

- Повикот е отворен за девојки, жени и не-бинарни луѓе над 18 години. Местото за одржување на предавањата ќе биде соопштено со финално избраните кандидатки. Бројот е ограничен на 10 учеснички, се додава во соопштението.

Повеќе детали може да се најдат на официјалниот сајт на организацијата Тиииит! Инк., www.tiiiitinc.com. Пријавувањето трае до 3 септември. бд/

Фото: Тиииит! Инк.

Остани поврзан