Отворен ден во велешка Економска која е во тренд со најновите профили во економијата и дигиталниот маркетинг
- Преку Отворен ден традиционално учениците и наставните од СОУ „Јовче Тесличков“ во Велес едно од најстарите во земјава пред деветооделенците од градот и поширокиот регион на трите Општини Велес,Градско и Чашка ги претставија своите образовни профили:Е-трговија и дигитален маркетинг,бизнис администратор –дуална паралелка,економски техничар –дуална паралелка,и тригодишните профили:асистент деловен администратор,продавач-референт за продажни услуги.Во наредната учебна 2025/26 година, а уписот ќе биде во четири паралелки.
Велес, 28 мај 2025 (МИА) – Преку Отворен ден традиционално учениците и наставните од СОУ „Јовче Тесличков“ во Велес едно од најстарите во земјава пред деветооделенците од градот и поширокиот регион на трите Општини Велес,Градско и Чашка ги претставија своите образовни профили:Е-трговија и дигитален маркетинг,бизнис администратор –дуална паралелка,економски техничар –дуална паралелка,и тригодишните профили:асистент деловен администратор,продавач-референт за продажни услуги.Во наредната учебна 2025/26 година, а уписот ќе биде во четири паралелки.

Како што информира за МИА, професорката Соња Савевска, целта на Отворениот ден е деветооделенците од градот и поширокиот регион од неколку општини да го запознаат од поблиску училиштето и неговите капацитете, а најмногу што се’ тука можат да научат во оваа училиште кое постојано е во тренд со најновите и набраната профили. Оваа училиште со години образова профили од екононија,право и трговија .
-Во изминатите неколку години воведовме нов профил Е-трговија и дигитален маркетинг кој е во тренд со најновите потреби на пазарот на трудот и воедно овие профили се многу атрактивни и барани од учениците.Воедно интересни се и другите профили: како бизнис администратор и економски техничар кои се дуална паралелка каде освен настава, учениците имаат и пракса, а добиваат и месечна стипендија од МОН од 3500 денари..Тоа е за четиригодишно школување,а и во профилите со тригодишно школување како асистент деловен администратор и продавач-референт за продажни услуги кои исто така се дуални паралелки, учениците имаат можност за пракса на теоретски наученото а добиваат исто така месечна стипендија од МОН, информира професорката Савевска.
Таа појасни дека во училиштето има и модуларна настава со учење кај работодавец,во компании и институции,три години –во втора,трета и четвртта година од школувањето.

Инаку на Отворениот ден во Економска, наставниците и учениците заедно ги дочекуваа деветоодленеците. Во школскиот двор им приредија музичка и забава низ едукативни игри, во кои ги запознаваа со економски поими, што се корисни во секојдневниот живот. Потоа заедно влегуваа во училишниот хол на зградата од каде започнуваше промоцијата на струките за идните економисти, правници, дигитални маркетери, администратори и административно канцелариски работници.
Низ подготвени презентации за секој од образовните профили во кабинетите на Економска, учениците и наставниците на деветооделенците им презенетираа и видеа записи за наставните содржини и воншколските активности и нивните постигнати успеси во оваа учебна година.
На Отворениот ден во училиштето на штандови се промовираа и партнерите каде учениците одат на практична настава:„Креатив Хаб“ ,„Шпаркасе банка“ „УНИКА“- осигурително друштво,фирмата „Маркард“ и Црвениот Крст. ад/цр
Фото: МИА