• четврток, 26 март 2026

Отворена самостојна изложба на сликарката Лиридона Ѓука Богу во Тетово

Отворена самостојна изложба на сликарката Лиридона Ѓука Богу во Тетово

Тетово, 17 јануари 2025 (МИА) - Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово вчера ја одржа првата активност за 2025 година - самостојна изложба на сликарката Лиридона Ѓука Богу од Косово. Изложбата е насловена „Визуелни звуци“.

-Овој посебен настан го одбележа почетокот на годината со импресивна комбинација на визуелна уметност и звуци, нудејќи мултидимензионално искуство за присутните. Со своите апстрактни пејзажи и емоциите што ги пренесе, Лиридона ја збогати регионалната уметничка сцена и ги инспирираше сите љубители на уметноста, информираат од Центарот за култура. 

Кураторот на изложбата беше проф. Хајруш Фазлиу, а во организацијата на настанот учествуваа и уметничкиот директор Шпетим Селмани и кустосот Јасмина Крстоска. ас/дма/


Фото: Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ 

Остани поврзан