• среда, 15 мај 2024

Отворена манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“

Отворена манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“

Скопје, 25 август 2023 ( МИА) - Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја отвори манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“ која е дел од богатата културна понуда во градот во пресрет на кандидатурата на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. На настанот е отворена и изложба на мозаици во Спомен куќата на Мајка Тереза на улицата Македонија, на тема „Мајка Тереза - од Скопје до Калкута”, чиј автор е Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје.

-Хуманите дела на нашата скопјанка, Мајка Тереза, како и нејзините пораки за љубов, мир и солидарност секогаш да се поттик за секој од нас. Да се биде човечен со грижа за оние на кои тоа им е најпотребно е наша секојдневна мотивација и приоритет, истакна  градоначалничката Арсовска.

Настаните во рамки на „Деновите на Мајка Тереза“ се организирани по повод канонизацијата односно прогласувањето на Мајка Тереза за светица, и ќе се одржуваат од 25 август до 5 септември во Спомен куќата на Мајка Тереза.љм/са/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан