• недела, 22 декември 2024

Отворена истрага против генералот Залужни за пронајдени мистериозни уреди во неговата канцеларија

Отворена истрага против генералот Залужни за пронајдени мистериозни уреди во неговата канцеларија

Киев, 18 декември 2023 (МИА) - Украинската безбедносна служба отворила истрага за уредите за собирање информации пронајдени во канцелариите што требало да ги користи генерал Валериј Залужни, главниот командант на украинската армија.

Истрагата е покрената според член од Кривичниот законик на Украина за „незаконско стекнување, продажба или употреба на специјални технички средства за собирање информации“, јави безбедносната служба на платформата Телеграм.

„Потенцираме дека уредот не е пронајден во канцеларијата на Залужњи, туку во една од собите што тој би можел да ја користи за работа во иднина“, се додава во соопштението на службата за безбедност, во кое се нагласува дека уредот не е во оперативна состојба, пренесуваат британските медиуми.

Залужни и украинскиот претседател Володомир Зеленски во последните неколку месеци се во отворена конфронтација во врска со војната со Русија. Генералот тврди дека конфликтот влегува во фаза што ќе и овозможи на Москва да ги обнови своите воени сили, додека Зеленски не се согласува со тоа тврдење, наведуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан