• петок, 05 декември 2025

Отворена изложбата „Куќа на порцеланот“ на Филип Фидановски

Отворена изложбата „Куќа на порцеланот“ на Филип Фидановски

Велес 11 ноември 2025 (МИА) – Во фоајето на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа беше отворена изложбата „Куќа на порцеланот“ на Филип Фидановски, современ академски уметник, керамичар, кој на изложбата се претставува со 13 скулптури глави, со предмети и инсталации од чинии од „Порцеланка“ со стихови од Кочо Рацин и други предмети во простор. Во поставката преку симболичен „триптих“ авторот прикажува три базични столба: Фабриката „Порцеланка“, поетот Кочо Рацин и дизајнерите кои ја обликувале дизајнерската форма.

Како што појасни авторот Филип Фидановски за МИА, едниот сегмент е порталот којшто треба да ги претстави Шимшир портите на Рацин и стихот од песната „Татунчо“ кој е испишан со оригиналниот ракопис на Кочо Рацин на чинии од фабриката „Порцеланка“. Другиот  сегмент се 13  глави кој тој ги изработил, а кој ги надополнил со делови од производството и налепници  од „Порцеланка“ што ја симболизира „Тајната вечара“, а кои ги претставуваат дизајнерите на „Порцеланка“. Бидејќи му се случила хаварија на неговата печка една од главите  ја изработил во печка од некогашна „Порцеланка“ а која сега ја поседува фирма која ги купила печките.

Кураторт на изложбата Јасмина Намичева од Музејот на град Скопје, за изложбата на Фидановски потенцира дека тој воспоставува паралеле меѓу поетот и фабриката – два простора на создавање и отпор, каде човечкото се спротивставува на механичкото.

Посочи дека Фидановски ја претвора порцеланската површина во поле на двојна писменост-визуелен запис и поетската содржина се спојуваат во медитативно искуство

-Почнувајќи од документираниот слој-архивирани облици,фабричките матрици и предметите од секојдневието-Фидановси создава уметничка археологија на порцеланот,во која времето се мери преку поетски преобразби на формата. Дузина чајници и шеќерници, лишени од функцијата се издигнуваат во раскошен лустер-метафоричен споменик на трудот, занаетчиството и колективната меморија.Со оваа гестуална трансформација, уметникот го воздигнува секојдневниот предмет во симбол на светлина и почит,претворајќи ја материјата во емотивен медиум што зборува за достоинството и убавината на човековата работа, потенцира Намичева.

Истакна дека од запрено време на фабричките погони, уметникот го враќа часовникот назад и не’воведува во свет наликна „Алиса во змјата на чудата“- имагинарен простор  каде секоја форма раѓа нова метаморфоза.
Потенцира дека Фидановски ја нарушува идејата за совршената површина.Преку овие „контрлирани грешки“ алудира на брзиот и празeн ритам на современиот живот.

Изложбата се реализира во соработка со Народен музеј Велес и НУ. Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ - Велес  и е подржана од Министерството за култура и туризам, Комерцијална банка, Дајнерс клуб, Скопска пивара, „Винарија Тристо“ и фото студио „Метеор“.ад/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан