• четврток, 07 ноември 2024

Отворање Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка

Отворање Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе го отвори Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка. Делокругот на работа на Центарот за психосоцијална поддршка на Црвениот крст ќе биде спроведување одржливи активности за градење граѓански и национални капацитети за обезбедување прва психолошка помош и психосоцијална поддршка за различни целни групи. Покрај тоа, ќе биде претставен моделот за пружање прва психолошка помош и психосоцијална помош и поддршка. Како што е најавено, на отворањето ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска... мд/дма/

Остани поврзан